Поимот татковство за овој руски родител претставува многу повеќе, вклучувајќи и емоционална поддршка во ситуации кога би посакале да реагирате на негативен начин.„Едно утро се симнав по скалите и ја здогледав мојата 17-годишна ќерка како спие на каучот во друштво на момче по заеднички поминатата вечер“, ја започува емотивната исповед еден татко од Русија на интернет страницата Редит.
„Тивко подготвив доручек, ги известив сопругата, помладата ќерка и синот дека имаме гостин, а потоа гласно извикав: `Младичу, доручекот е готов.` Никогаш досега немам видено некој толку брзо да се разбуди“, пишува овој Русин.
И покрај незгодната ситуација, овој татко одлучил да позборува со момчето.
„Тој беше многу симпатичен и пријателски настроен кон мене. Очигледно необразован, но не и глупав. Имаше нешто чудно во врска со него. Ќерка ми ме убедуваше дека е љубезен и внимателен. Во тој момент го знаеше само месец дена. Секој ден ќе дојдеше по неа со моторот за да ја однесе во училиште, но никогаш немаше преспиено кај нас“, додава таткото.
„Тој има 18 или 19 години и е пристоен, доаѓа насмеан кај нас и таков си заминува. Се грижи за ќерка ми, помага без да го замолам и ја усреќува ќерка ми. Ми рече дека нема семејство, образование и постојана работа. Ќерка ми го обожува. Тој ја обожува неа. Се запрашав: `Кој сум јас да ја спречувам во правењето грешки`“.
Како што поминувало времето, таткото се уверил во неговата сериозност. Дечкото ја поттикнувал да пишува домашни задачи, се грижел за неа кога била болна, трпеливо ѝ се додворувал кога била лошо расположена и имал добро влијание на неа.
Отприлика осум месеци подоцна, семејството дознало дека тој е бездомник. Неговиот татко извршил самоубиство, а мајка му е наркоманка која избегала неколку недели подоцна. Тој имал само 15 години тогаш. Три години преживувал на улица, спиејќи кај пријатели и во Војската на спасот, но и работејќи помошни градежни работи.
„Го знам момчето старо 18 или 19 години, кое е пристојно, доаѓа и си оди насмеано. Познавам човек кој се грижи, кој ми помага, кој го усреќува моето дете. Тоа е дете коешто никогаш немало шанса да биде дете“.
Кога со семејството ги споделил своите сознанија, сите заплакале. Биле разочарани што ќерката не сакала да ја сподели оваа приказна со нив.
„Наредниот ден му го дадов клучот од нашиот дом. Му реков дека го очекувам кај нас секој ден. Преуредивме соба за него и му овозможивме да се образува. Тоа беше во 2000 година. Денес, мојот пронајден син и ќерка имаат успешен заеднички бизнис и ми подарија три прекрасни внучиња“, ја завршил приказната овој татко.
Животот е непредвидлив, но пред сѐ е убав!„Едно утро се симнав по скалите и ја здогледав мојата 17-годишна ќерка како спие на каучот во друштво на момче по заеднички поминатата вечер&


