Неверојатен успех за само 3 дена: GTA V стигна до милијарда

Најскапата игра на сите времиња GTA V за само три дена заработи повеќе од милијарда долари од продажбата. Компанијата Take Two Interactive претходно соопшти дека поставија нов рекорд за продажба со заработката од 800 милиони долари за само 24 часa…За само три дена петтиот дел на Grand Theft Auto стигна до неверојатната заработувачка од една милијарда долари.
На претходниот рекордер, играта Call of Duty: Black Ops 2 и требаа 15 дена за да достигна таа заработка.
Компанијата не соопшти колку примероци продале од GTA V, која може да се игра на PlayStation 3 и Xbox 360, а многумина се надеваат и дека наскоро ќе биде направена верзија за PC. Очекувањата се дека приходите ќе се зголемат со стартувањето на мултиплеер делот во октомври.
Во ова издание на GTA беа вложени повеќе од 266 милиони долари со што стана најскапа игра во историјата, а колку за споредба, создавањето на најскапиот филм во Холивуд чинеше 300 милиони долари.
Преземено од: GSM.mkЗа само три дена петтиот дел на Grand Theft Auto стигна до неверојатната заработувачка од една милијарда долари.

Пронајдете не на следниве мрежи: