Неверојатни факти за јаболкото

На нашите простори јаболките ги има во изобилство. Освен добриот вкус, тие имаат и корсини ефекти.
Сто грама јаболка, зависно од кој вид се, во просек содржат 85-90% вода, 10 грама јагленихидрати, од кои 2-3 грама се влакна.
Освен витамин Ц, ги содржат и витамините А и Б, вклучувајќи ги и минералите како калиумот, фосфорот и калциумот.

 Експертите укажуваат на фактот дека внесувањето на едно јаболко на ден во вашето мени, има позитивно влијание врз здравата насмевка.
Калориски, јаболката се сиромашни, така да 100 грама јаболка имаат 40 калории, што покрај фактот дека се богати со пектинин и целулоза, тие се идеален избор за држење диета.
Јаболкото помага да се заштити забната глеѓ и непцата, велат стоматолозите. Редовното консумирање на јаболка го намалува ризикот од губење на забите за речиси триесет проценти.
Нутриционистите препорачуваат да се консумираат јаболка од органско потекло, кои не се прскани со хемикалии, бидејќи ова овошје задржува висок степен на концентрација на пестициди во кората, која инаку е многу важен дел од плодот.  
Во зависност од видот, јаболката содржи околу 6 до 10 проценти шеќер.На нашите простори јаболките ги има во изобилство. Освен добриот вкус, тие имаат и корсини ефекти.

Пронајдете не на следниве мрежи: