НЕВЕРОЈАТНО откритие: Модерниот фудбал го измислиле домородци, а не Англичаните?!

Јужноамериканските домородци Гварани го измислиле фудбалот, соопшти владата на Парагвај, во документарниот филм, врз основа на записите на Језуитите.  Филмот потсетува на стари записи на католички мисионери од 17-тиот век, кој говорат за домородна игра со гумена топка, која се контролира со стапалата.
Моментално за основачи на модерниот фудбал се сметаат Англичаните, кои во 19-тиот век ги основаа првите правила на оваа игра.
„Не ја бараме заслугата и правото на тоа, во име на народот Гварани. Ние само го истакнуваме историскиот факт, а тоа е дека се играло со топка уште кога Језуитите дошле на овие простори во почетокот на 1600 година“, изјави министерот за култура на Парагвај, Мабел Касурано.

Гвараните ги населувале подрачјата на денешна Боливија, Бразил, Уругвај и Парагвај.
Првите језуитски мисионери во своите записи го известиле Ватикан дека домородци играат игра со топка, која отскокнува. Така барем напишал Антонио Бетанкор, шпански свештеник, кој во 1609 година ја основал најстарата језуитска мисија во Парагвај.
Првите модерни фудбалски правила се воспоставени во Англија во 1863 година, од страна на ФА на Англија, а првиот интернационален натпревар е одигран во 1872 година, меѓу Англија и Шкотска.  Филмот потсетува на стари записи на католички мисионери од 17-тиот век, кој говорат за домородна игра со гумена топка, која се контролира со стапал

Пронајдете не на следниве мрежи: