Компанијата Нисан е можеби првата во светот која наскоро ќе произведе автомобил кој не мора да се чисти.Многумина го сметаат за предолго и мачно миењето на автомобилот. Од тие причини Нисан реши да тестира нова револуционерна боја за автомобили која е отпорна на дожд, кал, снег итн.
Како што велат од Нисан, возилото од серијата Ноут го обоиле со суперхидрофобична и олеофобична боја. Тоа значи дека бојата е отпорна на вода и масни материи. Тестовите на бојата се уште се во тек.
Од Нисан велат дека се уште немаат намера оваа боја, произведена од UltraТech International, да ја применат на моделите за продажба оваа година, но не ја исклучуваат таа опција за во иднина.
Нисан Ноут е веќе познат по својата технологија која со вода и компресиран воздух ја чисти камерата која служи за гледање додека се вози наназад.
Многумина го сметаат за предолго и мачно миењето на автомобилот. Од тие причини Нисан реши да тестира нова револуционерна боја за автомобили која е