НЕВЕРОЈАТНО: Знаат каде е Биг Бен, но не знаат каде се наоѓа женскиот полов орган!

Спроведената анкета во Британија, која опфати 1000 жени, откри дека 65 % од нив имаат проблеми со терминот „вагина“, а 40 % од нив одбиваат да го изговорат, користејќи општи изрази како „женски делови“ на телото.  Половина од Британките на возраст од 26 до 35 години, не знае на анатомски цртеж да го пронајде женскиот полов орган. Тоа е резултат на истражувањето кој го спроведе „The Eve Appeal“, хуманитарна организација за борба против ракот.
Спроведената анкета, чија цел беше поттикнување на жените да обратат посебно внимание на своето здравје, посебно раното откривање на можен гинеколошки тумор, покажа дека една третина од анкетираните, на возраст од 16 до 25 години, се двоумат дали да се контактираат со лекар за некој гинеколошки проблем.

Произлегува дека овие не се во можност да ги забележат некои од симптомите на гинеколошки карцином, како што се ракот на грлото на матката или јајниците.
Во Велика Британија секоја година се откриваат 20 000 нови случаи на гинеколошки тумор, од кои 7 600 се со смртен исход.
 Половина од Британките на возраст од 26 до 35 години, не знае на анатомски цртеж да го пронајде женскиот полов орган. Тоа е резултат на истражување

Пронајдете не на следниве мрежи: