НЕВИДЛИВ НЕПРИЈАТЕЛ: Што е чикунгуња и зошто граѓаните на САД се плашат од неа?

Додека цел свет во страв го следеше развојот на епидемијата на еболата, еден друг вирус низ мала врата се прошири по Централна Америка. Станува збор за вирусот чикунгуња кој го пренесуваат комарците.Иако овој вирус тешко дека ќе може да доведе до фатален исход, ни во која смисла не станува збор за безопасен вирус. Заболените од оваа болест чувствуваат толку силни болки во зглобовите, што на некои од заболените им е неподносливо дури и да стојат или да се ракуваат со други луѓе.
Вирусот за прв пат бил забележан само на територијата на Азија и Африка, но во декември 2013 година се појавија и првите случаи на карипскиот остров Свети Мартин.
Веќе во февруари 2014 година, биле забележани илјадници заразени лица, а бројката порасна на стотици илјади во јуни.
Експертите се изненадени од брзината со која вирусот чикунгуња се шири:
„Станува збор за неверојатен вирус. Се шири запрепастувачки брзо и многу е агресивен. Во некои заедници повеќе од половина од населението се разболени“, вели Ен Пауерс, виролог од Центарот за контрола и превенција на заразни болести.
Досега, на западната хемисфера се забележани околу милион заболени, од што во САД се забележани само 2.000 заболени лица.
Меѓутоа, прогнозите за 2015 година не се охрабрувачки. Експертите се загрижени и велат дека не би биле изненадени само на Флорида да бидат забележани околу стотина илјади случаи на чикунгуња. Жителите се предупредени да се ослободат од стоечката вода која може да послужи како идеално место за размножување на комарците, а им било кажано и да продолжат да ги следат информациите во медиумите, бидејќи епидемијата на чикунгуњата допрва започнува.Иако овој вирус тешко дека ќе може да доведе до фатален исход, ни во која смисла не станува збор за безопасен вирус. Заболените од оваа болест чувс

Пронајдете не на следниве мрежи: