НЕВРЕМЕ во мај беснее во Нова Варош, од утринава паѓа СНЕГ во Ивањица и во Пријепоље

Во Нова Варош од утринава беснее невреме, и е ладно како во зима, и локалното население стравува за насадите од овошје и зеленчук. Заради снегот од утринава се во мрак и некои планински села. 
Во самиот град кој е на околу 1000 метри надморска височина, дебелината на снежната покривка е пет центиметри, додека на врвовите на Златара, Муртеница и Јавор има и до 10 цм. снег. Во пониските предели снегот се топи при допир со асфалтот, но е нафатен на планинските превои, па затоа надлежните советуваат да се вози внимателно.
Влажниот снег се лепи на листовите на овошките, и затоа локалното население страува дека ќе ги искши гранките.
-Снегот ги свитка гранките до земја. Најпрво настрадаа малините, а ако снегот продолжи да паѓа, ќе страдаат и сливите, јаболкниците и другите овошни дрвја.
Снегот во ова време од годината не е никакво изненадување. Пред две години, на 15 мај, наврнаа 25 цм. снег, а минатата година во почетокот на месец април, наврна речиси половина метар и планинските села повеќе дена беа блокирани.
Во селцето Равни Тор на Муртеница, кое се наоѓа на надморска височина од 1300 метри, велат дека нема месец во годината кога овде не вее снег.
-Кај нас има паѓано снег и во лето. Пред дваесет години, во јуни на Спасовден паѓаше толку многу снег, што овците не можеа да пасат и ги храневме со сено, вели жителот Десимир Спасојевиќ.
Снегот во Западна Србија ги уништи малините
Снегот кој во текот на ноќта падна во некои општини на Западна Србија, во Ивањица и Пријепоље, уништи многу површини засадени со малини. Виолета Тошиќ од местото Ерчеге, изјави за Гласот на западна Србија дека снегот им уништил 40 ари малини.
„Синоќа кога си легнавме околу 22 часот, не паѓаше снег. Да знаевме дека ќе паѓа, немаше да спиеме цела ноќ. Имам три деца кои ги школувам. Живееме од производство на малини, а сега немаме ни за леб“, истакна Тошиќ.
Снег од раните утрински часови паѓа и на подрачјето Камена Гора кај Пријепоље.

Според зборовите на претседателот на месната заедница Живко Кијановиќ, снегот паѓа од 4 часот наутро и достигнал висина од 10 цм.
Тој истакнува дека многу земјоделци стравуваат од овие снежни наноси, бидејќи засадените малини се веќе оштетени од трајните дождови, а снегот ќе ги докрајчи.
Бела прекривка и во Црна Гора
Жабљак и Пљевља утринава осамнаа под снег со дебелина од неколку центиметри, што е реткост за ова време од годината.
Според извештајот на метеоролозите, во Пљевља паѓал умерен до засилен снег, а температурата се спуштила до еден степен под нулата.
На Жабљак е измерен минус еден степен.
До крајот на денот, според метеоролозите времето ќе се стабилизира, а затоплување се очекува од среда.
Црна Гора не памти понепредвидливо време отколку овогодишното. Април и мај се „заменија“, па вегетацијата живна во април дури и во поладниот, северен дел на Црна Гора.
 
Во самиот град кој е на околу 1000 метри надморска височина, дебелината на снежната покривка е пет центиметри, додека на врвовите на

Пронајдете не на следниве мрежи: