Седум годишно девојче, кое настрадало во пожар предизвикан од полнач за телефон, а во кој настрадале уште четири лица, пронајдена е под нејзиниот кревет. Ученичката Аман Парваиз се обидела да се сокрие од пламенот под креветот, а во трагедијата настрадале и најзината 9- месечна сестра Минахил, 9-годишниот брат Адиан, бабата Сабина Бегум (53) и тетката Анум (20).Куќа во Шефилд (Велика Британија) ја зафатил пожар, кој предизвикан од полнач за мобилен телефон, а пожарот избувнал недолго откако семејството заминало во кревет.
Пожарникарите пожарот го опишале како див и најтежок кој го виделе, а тврдат дека температурата достигнувала и до 1000 степени.
Садаф Парваиз, чиј телефон бил на полнач, забележала искри во дневната соба.
„Видов сјај во близина на креветот, мислев дека трепери некоја играчка.
Кога сфатила дека штекот се запалил, се обидела да го изгаси огнот со перница. Кога не успеала, ја повикала мајка ѝ Сабина да ѝ помогне.
„Таа со своите раце се обидуваше да го изгаси пожарот, а потоа истрча на спратот за да ги спаси децата.
Куќата беше полна со чад. По експлозијата, сите светла се изгасија“.
Во стравичниот пожар настрадале пет члена на едно семејство, а истрагата е во тек.Куќа во Шефилд (Велика Британија) ја зафатил пожар, кој предизвикан од полнач за мобилен телефон, а пожарот избувнал недолго откако сем