-Последниот судски процес кој се води против сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, се сфаќа како директен атак, односно опасност за опстојувањето на медиумот, за работните места и егзистеницијата на новинарите, изјави Градимир Марковски од Независниот синдикат на новинари на Македонија и ТВ Нова.-Ниту еден судски процес, ниту едно случување во општеството сметаме дека не смее да биде во насока на загрозување на слободата на изразување, слободниот говор и новинарската мисла, без оглед дали е критичка или во афирмативна смисла. ТВ Нова постигна многу во изминатиот период, секогаш беше прва на многу настани во државата и целиот свет и ќе продолжи да опстојува и да информира објективно, навремено и прва да им ги пренесува информациите на граѓаните. Апелираме на разум и било што да не биде во насока на замолчување на медиум и слободната новинарска мисла, истакна Марковски.-Ниту еден судски процес, ниту едно случување во општеството сметаме дека не смее да биде во насока на загрозување на слободата на изразување
Независенот синдикат на новинари апелира на разум, да не се замолчува слободната новинарска мисла





