Нигер и Чад покренаа офанзива против Боко Харам

Војските на Нигер и на Чад денеска почнаа копнена и воздушна офанзива против ектремистите од групацијата Боко харам во североисточна Нигерија. Цел на офанзивата се екстремистите од северната нигериска држава Борно.Локалните жители и хуманитарните работници изјавија дека во близина на нигерско-нигериската граница се слушаат истрели од тешка артилерија.
Офанзивата е преземена откако Боко харам вчера објави на интертнет аудиопорака, во која се заветува на лојалност кон групацијата Исламска држава, што беше реакција на воениот притисок на Нигерија и нејзините сојузници.
Лидерот на Боко харам, Абубакар Шекау, ги повика во аудиопораката муслиманите низ светот да се заветат на лојалност на лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади.Локалните жители и хуманитарните работници изјавија дека во близина на нигерско-нигериската граница се слушаат истрели од тешка артилерија.

Пронајдете не на следниве мрежи: