Никогаш не сте слушнале за неа, а она што го направила го користите секој ден!

Пронајдокот на Мери Андерсон бил заборавен, се додека нејзиниот патент не истекол и други  можеле да го копираат нејзиното дело. Денес ниту еден автомобил, а ни функционирањето на сообраќајот не може да се замисли без тој изум.Можеби никогаш не сте чуле за Мери Андерсон, но веројатно сте го користеле нејзиниот изум илјада пати во животот!
Еден леден ден во 1903 година, Мери Андерсон (1866- 1953), родена во Бирмингам во Алабама, била во посета во Њујорк возејќи се со тролејбус. Се обидувала да со погледот да ги  фати сите глетки од овој голем град: улиците полни со луѓе, високите  згради, но се намачила  да го види сето тоа бидејќи надвор паѓал снег.
Мери забележала дека возачот има проблеми да гледа низ снегот залепен за шофершајмната. На неколку минути возачот морал од прозорот со рака да го избрише снегот од стаклото. Мери почнала да размислува за тоа како возачот би можел  да остане внатре на топло, во возилото и да не се згрижи за тргањето на снегот од стаклото.
Штом дошла дома почнала да ја развива идејата за првите бришачи. Мери Андерсон замислила справа која би била прицврстена на надворешната страна  на возилото, со долга рачка и гумено сечиво. Без потреба  да ја вади својата рака надвор по ладното време, возачот во возилото би можел да тргне рачка која би ја движела надворешната рачка  и таа би го бришела снегот од стаклото.

Мери поднела барање за патентирање на првите бришачи во 1903 година и се обидела да ја продаде својата направа на неколку компании, кои сите го одбиле нејзиниот патент. На почетокот луѓето не биле убедени во во вредноста на нејзиниот  изум и сметале дека тоа само ќе им пречи на возачите.
Мери била пред нејзиното време; во раниот 20-ти век многу автомобили не биле доволно брзи за воопшто да им биде потребна предна шофершајмна и надвор од големите градови многу малку луѓе поседувале автомобили.
Пронајдокот на Мери Андерсон  бил заборавен, се  додека  нејзиниот патент не истекол и други можеле да  ја копираат нејзината идеа. До 40-те и 50-те години на 20-от век, кога автомобилите биле почеста и поевтина појава, бришачите биле стандардна направа на повеќето возила, а сега се и правна обврска.
Инаку, првите автоматски  бришачи исто така ги измислила жена, Шарлот Бриџвуд која поднела барање  за заштита на својот изум во 1917 година. Ниту нејзиниот  изум не доживеал комерцијален успех.Можеби никогаш не сте чуле за Мери Андерсон, но веројатно сте го користеле нејзиниот изум илјада пати во животот!
Еден леден ден во 1903 го

Пронајдете не на следниве мрежи: