Никогаш не треба да заборавиме кои сме, што сме, од каде сме

Историјата не можеме да ја смениме. Колку и тоа да го посакуваме, колку и да нѐ боли и оставило длабоки траги врз нас. Но, никогаш не треба да заборавиме кои сме, што сме, од каде сме.Да не ги заборавиме никогаш нашите корени, нашите претци кои ги оставиле своите коски некаде каде нас повеке нѐ нема. Душата ни е таму, таму некаде каде се родиле и живееле нашите прадедовци, дедовци, татковци.
Ние таму и припагаме,таму каде коренот е наш, земјата е наша, гробовите се наши… Нѐ боли, многу нѐ боли, тоа што не сме таму, каде што ѝ припагаме. Одиме во нашите краеви, ја газиме нашата земја натопена со крвта од нашите претци, зборуваме таму со нашата рода на нашиот јазик, ама со себе носиме една голема грутка во душата, грутка која не може никој и ништо да ја стопи, зашто тоа не е повеќе наше.
„Свесни сме за тоа, ама кога одиме во нашата ни мила земја, нѐ обзема чувството дека сме дома, дома, дома…“ – ми вели мојот татко.
„Ќерко мила, таа војна и не требаше да се случи, не требаше. Во таа кобна 48-ма им рекоа на нашите родители сите деца помали од 13 години да ги запишат, за да ги одведат да ги евакуираат и дека за три месеци ќе им ги вратат.Тоа беше една голема историска лага, за протерување на македонскиот народ. Ги одведоа за никогаш да не ги вратат, никогаш да не се вратат“.
Во детскиот дом во Романија, во Тулгеш 1949 година, доаѓаше Маркос и ни даваше лажна надеж дека ќе се вратиме назад, ама никогаш не дојде тој ден. Бевме деца, го чекавме тој ден, ама никогаш не го дочекавме. Јас, како што ти кажав ќерко, го дочекав кобниот ден кога ми соопшти директорот на домот за смртта на моите родители.
Е, тој Маркос, раскажува татко ми, беше генерал на ДАГ И ФАШИСТА –предавник. Еден ден кога се врати тој Маркос од Русија во Атина со авион, го чекаа илјадници Грци на аеродром, а неговите лажни ветувања останаа МИНАТО. Тој водеше политика на ИСТРЕБУВАЊЕ на македонскиот народ. Англичаните и Американците им помагаа.
Ги бомбардираа селата. Ужас. Во 1949 тата година на границата со тогашна Југославија – Македонија чекаа многу ранети партизани за влез. Е, замисли си, Тито им ја затвори границата и многу партизани умреа. После, Енвер Хоџа им ја отвори границата кон Албанија и така преживеаните партизани влегоа во Албанија, а од таму заминаа во Русија, Романија, Полска, Источна Германија…
Е, така нѐ избркаа. Смислено, со една цел – никогаш да не се вратиме назад во родната земја. Тоа беше лоша политика, политика на ИСТРЕБУВАЊЕ на македонскиот народ. Ние сме многу напатен народ. Со многу историја која не треба да се заборави, треба да се памети и да се пренесува од генерација на генерација.Да не ги заборавиме никогаш нашите корени, нашите претци кои ги оставиле своите коски некаде каде нас повеке нѐ нема. Душата ни е таму, таму некаде

Пронајдете не на следниве мрежи: