Никој досега не успеа да ја дешифрира оваа загатка!

Стотици илјади љубители на загатките, безуспешно се обидоа да ја решат загатката за дешифрирање на божиќна честитка пуштена од Британската разузнавачка агенција.Роберт Ханиген, директорот на агенцијата попозната како Британски владин центар за комуникации (GCHQ), објави кодирана порака во почетокот на декември 2015 година.
Ханиген одлучи да ја „раздвижи сивата материја“ на своите колеги и познаници, но смета дека задачата можат да ја решаваат и надворешни играчи.
Првата фаза од загатката беше објавена на сајтот од агенцијата. За донесување на одлука за задачата, играчите мораат да стигнат до посебна слика (QR код), која треба да ги однесе до друга серија предизвици со зголемување на тежината.
Секој оној, којшто успеал да ја заврши загатката,имаше шанса да ги испрати одговорите до 31 јануари на мејлот на GCHQ.
Речиси 600.000 лица успешно ја завршиле првата фаза од загатката. Околу 30.000 дошле до последната фаза на авантурата, но никој не можел да го дешифрира крајот на загатката.
Роберт Ханиген коментира дека задачата не е толку апстрактна, колку што кажуваат учесниците. Тој додаде дека некои од натпреварувачите биле „многу блиску“ до крајниот одговор, но никој не успеал да дојде до 100-те проценти.
Се очекува наскоро GCHQ да го објави на сајтот целосното решение на задачата.
Роберт Ханиген, директорот на агенцијата попозната како Британски владин центар за комуникации (GCHQ), објави кодирана порака во почетокот на декем

Пронајдете не на следниве мрежи: