Никој не може да ја „испере“ неспособноста на Владата на Заев да се справи со пожарите

Додека Македонија се гуши во пожари поради неспособноста на новата Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ, соросовите портали како „Либертас“ се занимаваат со замајување на јавноста не гледајќи ја фактичката состојба на теренот, која е катастрофална и на работ на еколошка катастрофа.Додека пожарот во близина на село Требовље беснее веќе две недели оставајќи пустош зад себе, а жителите молат за помош до новата влада, Либертас се занимава со една спорна фотографија објавена на Курир, тврдејќи дека на тој начинј се кревало паника со пожарите.  Спорната фотографија веднаш беше отстранета, но неспособноста и неаужурноста на надележните институции да се справат со пожарите остануваат.
Несогледувањето и занемарувањето на фактичката состојба на терен, со тврдења дека некој манипулирал со објавена фотографија, која патем ја илустрира реалната слика,  не може да им помогне на жителите на подрачјата кои се зафатени од пожари.
Наместо „Либертас“ да се занимава со сеење на магла и релативизирање на одговорноста на Заев и СДСМ, не е лошо самите да апелираат до новата влада и надлежните институции конечно по две недели да го изгаснат пожарот во селото кое е опкружено со опожарена борова шума и пожарот е стигнат на неколку метри од првите куќи.
Пожарот што подолго време е активен во реонот на Македонски Брод вчера во попладневните часови се проширил на територијата на Општина Гостивар, во атарот на селата Корито и Железна Река.  Според пристигнатите информации до 8 часот утрово, пожарот во атарот на село Требовље сè уште е активен.
Во Тетовско-полошкиот Регион, пожарот што е активен во село Здуње има тенденција за проширување во атарот на село Гургурница. Утринава има активен пожар кој ги зафаќа падините на Горна Јакупица. Активен е и пожарот на потегот помеѓу селата Теранци и Видовиште (општина Зрновци – Кочани), кај месноста наречена Трнавица. Тој се шири кон манастирот „Света Петка“ на планината Плачковица.Додека пожарот во близина на село Требовље беснее веќе две недели оставајќи пустош зад себе, а жителите молат за помош до новата влада, Либертас се

Пронајдете не на следниве мрежи: