Никој не се исплаши од денешните закани кои кон банките беа изречени од Заев

Никој не се исплаши од денешните закани кои кон банките беа изречени од Зоран Заев, како и од неговиот обид да се вмеша во деловната политика која ја водат.На аукцијата за продажба на државни хартии од вредност учествуваа седум банки, дна штедилница, еден пензиски фонд и три осигурителни компании кои откупија државни записи во вредност од 75 милиони евра. Банките покажаа капацитет и интегритет, чувство за државност и за интересите на граѓаните и не дозволија да бидат исплаѓени од срамното однесување и заканите на Заев.
Овој потег на банките и грубиот притисок кој им го вршеше Заев е директен шамар од нив кон лидерот на СДСМ, кој се дрзна да се меша во деловните политики на субјекти од приватен сектор, да има однесување на политичар налик севернокојско. Таквото однесување и изјави на Заев беа осудени од општествените субјекти.
На заканите и притисокот од Заев кон банките реагираше и гувернерот на НБРМ кој упати директна порака до СДСМ, да не се мешаат и да не вршат притисок.
– Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија  и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика, вели гувернерот Богов во писмената изјава.
По одржаната аукција стана јасно дека уцените и заканите на Заев не поминуваат во јавноста и неговата поддршка е на само 5 проценти.
На ваквото срамно однесување претходно се спротиставија пензионерите, примателите на социјална помош, земјоделците и други општествени групи на кои СДСМ сакаше да им наштети. Лидерот на СДСМ се повеќе тоне, влечејќи ја и партијата надолу со себе. На аукцијата за продажба на државни хартии од вредност учествуваа седум банки, дна штедилница, еден пензиски фонд и три осигурителни компании кои о

Пронајдете не на следниве мрежи: