Градот Охрид е мултиетнички и мултиконфесионален град, каде покрај доминантниот македонски народ, живеат и припадниците на етничката заедница Египќани кои се втори по бројност, потоа Албанци, Турци, Црногорци, Срби, Власи и Бугари.Откако д-р Никола Бакрачески победи уште во првиот круг од Локалните избори во 2013 година со освоени, „фрапантни“ 20.004 гласови, како кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, покрај приоритетниот и комплициран проблем, наследениот долг на град Охрид, од над замислете 50 милиони евра – се соочуваше и со еден мошне комплициран проблем за кој многумина беа запознаети, но мудро молчеа.
Тој фрапантен проблем беше да се нормализира и одржи во живот инаку мошне тешките за одржување меѓуетнички и меѓурелигиски односи, односно да го одржи во живот мошне чувствителното и комплицирано хетерогено охридско општество. Со самиот ноторен факт што благодарение на неговиот неприкосновен авторитет успеа до некои границите да ги нормализира нарушените односи во една верска заедница, каде за жал, преовладува и „принципот на дискриминација“ само на нему својствен начин, успеа до одредени граници да го зачува „мирот и нужната хармонија“ помеѓу различните етникуми и нивните припадници. Д-р Никола Бакрачески освои ни повеке ни помалку, туку 20.004 гласови, што е директен показател дека за него гласале и му поклониле доверба и Македонци, и Египќани, и Албанци и Турци и Срби и Власи. Токму тој политички капитал е механизмот низ кој се одржува во живот едно комплицирано хетерогено општество, како што е охридското.
Се плашам на самата помисла и прашање: Што ако не беше Нико Бакрач? Дали фитилот не ќе беше запален и што после тоа? Токму затоа, нема сомнеж во кристално чистата и убедлива победа на д-р Никола Бакрачески – за доброто на сите Охриѓани.Откако д-р Никола Бакрачески победи уште во првиот круг од Локалните избори во 2013 година со освоени, „фрапантни“ 20.004 гласови, како