Никола Димитров ќе го повлекува Палашевски, а самиот се сликал со сонцето од Кутлеш!

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров може да предизвика нов дипломатски проблем во односите со Грција.Скандалот со македонскиот конзул во Торонто, Јовица Палашевски, кој се фотографираше пред мапа на етничка Македонија и знамето со Сонцето од Кутлеш, уште не стивнал, а фотографија од Димитров, пред истото сонце 7 дена стои на официјалната веб страница на министерството за надворешни работи.
Додека Димитров формира комисија која ќе ја утврди одговорноста на Палашевски, како што и се обврза пред шефот на грчката дипломатија Коѕијас, така е несфатливо како може на официјална страница на министерството да биде постирана компромитирачка фотографија од интервјуто на министерот за Дојче Веле.
Прашање на ден е кога Грција повторно ќе ја обвини Македонија дека во континуитет ја прекршува времената спогодба, како што претходно ги регистрира случаите на Палашевски и бојкотот на грчките млади ракометарки на првенството во Скопје, поради натписот Македонија на дресовите на македонските ракометарки.
И додека случајот на ракометарките не наиде на разбирање кај македонското МНР, сликите од Палашевски со симболите на античка Македонија предизвикаа силна реакција на самиот министер.
На прашањето од Сител за проблематичната фотографија на нивната веб страница од МНР велат дека Министерството нема влијание во уредувачката политика на Дојче Веле.
– За контекстот да биде појасен, во воведот на интервјуто, новинарот на Дојче Веле се осврна на наративот што ја отсликува реалноста на климата што ја создаваше претходната влада. Министерството за надворешни работи е цврсто решено да го почитува Уставот на Република Македонија и сите преземени меѓународно-правни обврски, вклучувајќи ја и Времената спогодба со Грција, согласно националните интереси на Република Македонија‘‘, се вели во реакцијата.Скандалот со македонскиот конзул во Торонто, Јовица Палашевски, кој се фотографираше пред мапа на етничка Македонија и знамето со Сонцето од Кутлеш

Пронајдете не на следниве мрежи: