Намалувањето на невработеноста за нови 0,9 отсто во последниот квартал лани и достигнатите 24,6 проценти е нова историски најниска стапка на невработеноста во Македонија, оцени дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Кичево.Според податоците на Државниот завод за статистика, невработеноста од 25,5 проценти во септември лани бележи намалување за 0,9 отсто и во последниот квартал од годината изнесува 24,6 проценти.
Намалувањето на невработеноста, според Груевски, е резултат на вложениот труд на надлежните институции преку отворањето на нови работни места и спроведувањето на низа мерки.
– Правиме максимални напори да донесеме инвеститори, да вложуваат и да отворат нови работни места, како и да им овозможиме одлични услови за правење бизнис. Работејќи го тоа станавме шеста држава во Европа според добрите услови за водење бизнис и дванаестта во светот според рангирањето на Светска банка, изјави Груевски.
Укажа и на активностите за помош на домашните компании преку обезбедување евтини кредитни линии како и секојдневните комуникации со бизнисмените преку нивните комори за решавање на евентуалните проблеми и одговор на нивните потреби. Се влијае на намалување на невработеноста, како што рече Груевски, и со мерките што ги спроведува Агенцијата за вработување, како што е проектот за самовработување, но и други мерки со кои се помага да се отворат нови работни места.
– Сите напори од државните институции кои претежно се дел од нашата претходна Програма, доведоа до оваа состојба да имаме историски најниско ниво на невработеност, односно 24,6 отсто. Свесни сме дека тоа е сеуште високо ниво на невработеност и ќе продолжиме да работиме за нејзиното намалување, посочи Груевски, истакнувајќи дека надлежните институции се на добар пат да ја остварат проекцијата од 2014 година според која до 2018 година невработеноста ќе се намали на 22 процента.Според податоците на Државниот завод за статистика, невработеноста од 25,5 проценти во септември лани бележи намалување за 0,9 отсто и во последнио