Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во рамките на својата посета на Лондон, Велика Британија заедно со партиската делегација која ја предводи, оствари средба со раководниот тим на КПМГ која е една од четирите најголеми консултантски и финансиски организации во Светот кои вршат проценки, анализи на економските текови и издаваат извештаи кои подоцна се користат од голем број на големи компании и се раководат при носењето на одлуки за инвестирање.Станува збор за финансиска организација која се занимава и со ревизија, осигурување, даноци, консалтинг, статистики, корпоративни, финансии и правни услуги. Компании, членки на КПМГ може да се најдат во 155 земји низ Светот, колективно тие вработуваат повеќе од 174.000 луѓе од целиот спектар на дисциплини.
Во последниот извештај за Македонија КПМГ ги истакнува даночните поволности кои стојат на располагање на компаниите, како и едуцираната и квалификувана работна сила. Тие нотираат дека Македонија е земја со најниски трошоци за правење бизнис во Европа, при што се воведоа најниски даноци, рамен и низок данок, персонален данок и данок на добивка. Дека се нудат исклучителни поволности во технолошко индустриските развојни зони, се инвестира во нови патишта, железница и дека таквите предности се препознаени од многу странски компании кои се одлучија да инвестираат и ја препорачуваат како наредна дестинација за инвестирање.
Груевски на средбата со Дејвид Сиер член на управниот одбор на КПМГ и потпретседател на финансискиот сектор на организацијата, Џејмс Кени главен на секторот за глобални прашања на организацијата, Аман Ванг главен на секторот за британските развојни бизниси, и Мет Џексон главен на секторот за брзо растечки пазар, дискутираа за условите за правење на бизниси, за досега направеното во сферата на економијата, но и за идните планови и движења.
По завршувањето на средбата Груевски изјави: „Имавме значајна средба во главното седиште на КПМГ тука во Лондон, компанија која што издава извештаи за Република Македонија на економски план секоја година и каде што досега имаме одлични извештаи во смисла на нашата економија, условите за правење на бизнис, на можностите за привлекување на инвестиции, односно информации за инвеститорите, информации за Република Македонија кои што се прилично добри и прецизни и од кој што нашата држава имаше бенефит досега затоа што инвеститорите особено клиентите на КПМГ ги читаат тие извештаи и согласно нив се ориентираат каде да ја направат новата инвестиција. Им кажавме многу детали за нашата економија и за прогресот во економијата, за правењето на добра бизнис клима, следните чекори што ги планираме, предизвиците со кои што се соочивме и резултатите кои што ги имаме и на домашен план во смисла на намалена невработеност, но и нашите цели за понатаму“.
Членот на управниот одбор на КПМГ и потпретседател на организацијата Дејвид Сиер истакна дека Македонија со своите економски резултати и успешни економски политики отиде напред во многу сектори, а доказ за тоа е и последниот извештај на Дуинг бизнис кој преставува големо признание за земјата. Тој посочи дека растот во рангирањето на Македонија е исклучително и сосема може да се очекува дека многу глобални претпријатија ќе ги искористат поволностите кои ги нуди државата и да инвестираат во иднина.
Македонија е многу интересна приказна во поглед на начинот на кој што оствари исклучителен прогрес во создавањето на услови за правење на бизнис. Од 94-то место во извештајот на Дуинг Бизнис на Светската банка пред десетина години, сега е на 10-то место во Светот и тоа кога Велика Британија падна од 5-то на 6-тото место. Тоа е сериозно добра приказна во поглед на странските инвестиции. Како КПМГ работиме со многу странски компании кои инвестирале во Македонија и се радуваме да работиме со многу други и во иднина. Македонија е многу добра туристичка дестинација и е добра дестинација за инвестирање. И она што го постигнавте во сферата на производство на различни делови од автомобилската индустрија и во неколку други области е исклучително впечатливо. Тоа е приказна која ќе се надградува во следните години, изјави Дејвид Сиер.Станува збор за финансиска организација која се занимава и со ревизија, осигурување, даноци, консалтинг, статистики, корпоративни, финансии и