Никола Груевски: За 1 година отворени 21.000, за 10 години над 160.000 нови работни места

Со задоволство денеска ја примив веста дека за еден квартал имаме 0,5 проценти намалување на невработеноста, тоа е за вториот квартал од оваа година, за периодот април, мај и јуни, што во однос на истиот квартал минатата година е намалување за 2,8 отсто или некаде во број на вработени е 21.000 нови отворени работно мести, што за една година е прилично сериозна бројка, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на промоција на нови 22 преведени книги.-Ова е значајно од повеќе аспекти, а особено што се случува во период кога земјата се соочува со специфична политичка криза и тоа беше баш во месеците на нејзиниот ек кога на два пати се одлагаа изборите. Како и да е, важно е што мерките кои се превземаат од страна на државата, Владата и што се превземаа во минатото ги даваат потребните ефекти и се отвораат се повеќе работни места, рече Груевски.
Тој додаде и дека за 10 години, односно од 2006 година до сега се отворени над 160.000 работни места.
-Сега невработеноста е 24 отсто. Од 38 е намалена на 24 отсто, но сеуште треба да се работи на дополнително намалување. Не треба да бидеме презадоволни, може да бидеме задоволни, но имаме уште работа.-Ова е значајно од повеќе аспекти, а особено што се случува во период кога земјата се соочува со специфична политичка криза и тоа беше баш во месец

Пронајдете не на следниве мрежи: