Хрватската манекенка и водителка Николина Пишек, го претстави најновиот нејзин проект, но некако не ги воодушеви фановите.Николина Пишек Ристовиќ, на Фејсбук го најави својот нов моден проект. Долго работеше на него, но се чини дека не ги задоволи нејзините обожаватели. Покрај најавата на проектот, Николина на Фејсбук објавила и фотографија.
Нејзиниот избор на облека згрози дел од обожавателите.
„Две долги години исчекување и проблеми и еден сладок моден проект е подготвен… конечно. Ја сакам модата. Го сакам животот. Ве сакам вас.“ – напишала Николина покрај фотографијата на која носи кратка розева бунда, бела маица и панталони, но и обувки со полна пета.
„Ова е ужас. Тешка конфузија и невкус. Зошто Николина?“ – напишала една обожавателка.
„Ајдеее… ова е катастрофа.. пижама и Чарли Чаплин обувки“ – бил уште еден негативен коментар.
Веруваме дека овие коментари нема да ја поколебаат Николина Пишек да продолжи со проектот. Николина Пишек Ристовиќ, на Фејсбук го најави својот нов моден проект. Долго работеше на него, но се чини дека не ги задоволи нејзините обожаватели