Николовски: Новата инвестиција во Битола ќе отвори 600 работни места во регионот

Компанијата „Цереметал“ е специјализирана во производство на метални делови кои наоѓаат примена во енергетскиот сектор и во машинските делови, објаснува Данчо Николовски, советник за инвестиции во Владата на Република Македонија.Компанијата која ќе инвестира во Битола, 40% од своите производи ги извезува во Германија, а останатиот дел во европски држави но и во Канада, Бразил и Јапонија.
-Во почетната фаза оваа инвестиција ќе изнесува 5 милиони евра. Компанијата „Цереметал“ веќе има купено градежно земјиште во Битола, во и.з. „Жабени“ со површина од 45.000 м2. Започнуваат со градба на 5.000 м2 за да достигнат до околу 24.000м2. Сразмерно на ова ќе оди и вработувањето. На почетокот ќе бидат вработени 150 работници за вкупната бројка постепено да достигне 600 вработени лица, вели Николовски.
Паралелно на ова ќе бидат отворени и други работни места, преку индиректни вработувања, односно 30 нови работни места. Тоа се луѓе кои ќе бидат инволвирани во транспорт, шпедиција, одржување и слично.
Планирано е да се направи 3 месечна обука во самото седиште на компанијата во Атина, Грција.
Поволната инфраструктура, добрата бизнис клима, особено ниските даноци, вели Николовски, се причината што голем број странски инвеститори од секаде од светот одлучуваат да инвестираат во Македонија во изминатиот период. Пресуден фактор е и квалификуваната работна сила, која одлично познава англиски јазик.Компанијата која ќе инвестира во Битола, 40% од своите производи ги извезува во Германија, а останатиот дел во европски држави но и во Канада, Браз

Пронајдете не на следниве мрежи: