Никому не му недостасувала: Жена лежела мртва во својот дом дури седум години

Мумифицираното тело на медицинската сестра Ен Лејтрим (58) било пронајдено во нејзиниот дом во Велика Британија, а се сомнева дека жената била мртва дури седум години пред да биде промајдена. Лејтрим работела како медицинска сестра во породилиште, а била обвинувана за „несовесно однесување кон деца“.Телото го открила служба за наплата на долгови, која во нејзиниот стан во Борнмут влегла по неплаќање на хипотекарни долгови, не знаејќи дека Лејтрим веќе седум години не била меѓу живите.
Нејзиното тело било пронајдено покрај креветот покрај  нејасна порака на која пишувало: Моите доктори ништо не направија како што треба. Ги сакам своите бебиња. Збогум, Џенет“.
Патологот вели дека телото било пронајдено во “последен стадиум на мумификација“, и дека причината за смртта не може да биде одредена поради неможноста да се направат токсиколошки тестови.
Од полицијата изјавиле дека пронајдената порака може да се третира како „проштална“, но дека не постојат докази на самото место кои би можеле да потврдат дека се работи за самоуиство.
Она што е потврдено е дека Ен Лејтрим цела деценија конзумирала лекови за смирување, кои ги земала при анксиозност и голем стрес, од кои страдала.
Најчудно од се е што цели седум години никој не забележал дака ја нема, ниту ја побарал несреќната Ен.
Нејзината сестра Кетрин Кларк изјавила дека Ен се одалечила од семејството уште пред 20 години, но дека и понатаму не ја знае причината поради што го направила тоа.
Ен работела како медицинска сестра во породилиште, а била и обвинувана дека „несовесно се однесувала кон децата“, а последен пат била видена по дисциплинското сослушување во судот во Борнмут, на 6 јуни 2007 година. Иако нема конкретни докази, полицијата се сомнева дека токму тоа била причината за самоубиството.Телото го открила служба за наплата на долгови, која во нејзиниот стан во Борнмут влегла по неплаќање на хипотекарни долгови, не знаејќи дека Лејтр

Пронајдете не на следниве мрежи: