Нина Кулагина – вистински психокинетичар заборавен во времето!

Нина Кулагина била Русинка, која се чини дека имала неверојатна психокинетичка моќ. Таа привлекла многу истражувачи, научници и луѓе во СССР, кои извршиле различни експерименти врз нејзините моќи.

Родена е во 1926 година. Подоцна се приклучила кон армијата на возраст од 14 години и работела во тенковската единица за време на Втората светска војна. Таа била домаќинка во времето кога нејзините способности биле проучувани во текот на 1960-тите.

Се има појавено во неколку црно-бели филмови во кои ја покажала својата способност да придвижува различни предмети на маса, без да ги допре.
Нејзината приказна е навистина неверојатна и ја чинеше премногу. Многу луѓе ја нападнале дека е измамник.

Во истражувањата направени со тек на годините, таа била во можност да оддели белки од жолчки во јајца кои биле потопени во вода. Таа, исто така, била во можност да забрза, успори и целосно да го запре срцето на жаба во лабораториски амбиент.

Овие експерименти беа осигурани од мешање со надворешни електро-магнетни импулси. Фактот дека постојат стаклени облоги и различни методи за да се осигура дека нема други надворешни сили, навистина покажува колку е неверојатна нејзината спосбност.
Многу се шпекулираше против неа во текот на нејзиниот живот и во голема мера на различни можни начини постоеле обиди да се разоткрие дали таа е измамник. Во тоа време не постоеле ресурси, напредна технологија или било какви вистински методи за да се создадат вакви трикови.

Толку е интересно кога се гледа како се обидува да помести предмет, бидејќи таа користи огромно количество на енергија и концентрација за да може барем малку да ги придвижи предметите.
Таа изјавила дека нејзината способност од неа бара период на медитација со цел да се расчисти нејзиниот ум пред да биде во можност да се помести некој предмет. 

Таа, исто така, изјавила дека се соочува со остри болки во `рбетот и замаглување на очите кога интензивно се фокусира.

Сите фотографии и видеа се преземени долго време пред развојот на напредната технологија.
Постојат голем број слични случаи на овој во светот. Ова е само еден од луѓето коишто ја имаат оваа способност, која сите ние по природа ја имаме наследено (голем процент од луѓето не ја отклучуваат). Сите овие луѓе кои ги имаат овие „натприродни способности“ имаат нешто заедничко:
Тие медитираат многу.

Една од главните работи што ги држи луѓето подалеку од можноста да се прикажат овие способности, е верувањето дека тоа не е можно. Како да се доживее нешто што се смета дека е крајно невозможно?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.