Наскоро зад нас ќе биде уште една година која помести многу граници, кога станува збор за модата и модните трендови.Така, во 2017 година бевме сведоци на лудите, чудните и необичните детали и комбинации, без разлика дали се дело на познатите дизајнери, популарните брендови, Инстаграм ѕвездите, блогерките или познатите дами.
Оваа година, една комбинација стана многу популарна и со тоа е симната од листата на забранети модни трендови.
Станува збор за комбинацијата на црвена и розова боја која во последните неколку месеци ја носеа голем број на дами и тоа толку добро што ризичната комбинација се претвори во шик и пожелна.
По поранешната Мис Америка, Оливија Кулпо, минатата вечер ја носеше уште една позната дама – Никол Шерцингер, на црвениот тепих во Лондон.
Никол се одлучила за долго, тесно здолниште и розова маица со долги ракави, а изгледот го надополнила со преубави црвени сандали и црна клач-чантичка.
Иако била “покриена” од глава до пети, парчињата облека ги истакнале нејзините препознатливи облини.
Така, во 2017 година бевме сведоци на лудите, чудните и необичните детали и комбинации, без разлика дали се дело на познатите дизајнери, популарнит



