Низа нови бисери од Ременски

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, ќе остане најмногу запаметена во својот ресор по гафовите кои ги има направено во изјави за  јавноста кои само покажуваат дека Ременски не се ни обидува да навлезе сериозно во ресорот.  Елементарно непознавање со дозирана ароганција ги бележат јавните настапи на оваа техничка министерка.Во своето последно интервју дадено за Цивил-центар за слобода кое е насловено како “придонес кон политичкиот дијалог” Ременски и понуди на јавноста неколку бисери кои посебно ќе ги издвоиме овде.
Бисер 1
 “Многу пати досега и од стручната јавност, и од позиција на опозиција и од позиција на академска јавност, се спори процесот на намалување на невработените во Република Македонија, ако се имаат предвид бројните фактори кои влијаат на фактичкото намалување на бројот, односно, на заведените невработени во Агенцијата за вработување. Особено, ако ги земеме сите измени и дополнувања на законските обврски со кои на регистрираните невработени им се наметнуваат обврски за пријавување секој месец, пријавување редовно во ден, час, за да можат да ги искористат правата за невработени и ако ги имаме предвид статистичките податоци кои покажуваат голем број иселени лица кои никогаш не стигнале да се пријават во Агенцијата за вработување. Тука мислам на лицата кои завршуваат средно образование и можеби, поради икс причини не се регистрираат. Зборуваме за иселените од Македонија, кои заради времето на отсуство, по автоматизам им престанува евидентирањето во агенцијата. Па, се поставува прашањето: дали овој процент од 25,5, кој се вели дека е историски најмалата стапка на невработеност во Македонија, е последица на реален процес”.
Вистината е дека техничката министерка еднаш беше прозвана за непознавање на надлежности на Агенцијата за вработување и процесот на пресметување на стапка на невработеност, таа упорно продолжува на јавноста продолжува со игра на зборови да ги омаловажи реалните фактори за намалување на невработеноста.
Оваа споредба, која ја прави Ременски нема никаква логика затоа што  од 2006 година до третиот квартал 2015 година бројот на лица кои бараат работа без разлика дали се вработени или не согласно со Државниот завод за статистика е зголемен за приближно 63.000 со што се гледа  тезата за намалување на невработеноста на активното население. Главната причина за намалувањето на невработеноста се постигнатите над 150.000 работни места кои се креирани преку успешните мерки за вработување.
Државниот завод за вработување прави Анкета на работа сила во која на квартлана основа го мери активното и пасивното население, кај активно и земјоделци и парт тајм и неформални вработени и според методологија на ЕУРОСТАТ пресметува % на невработеност,Последен пат во декември Фахрад Мерхан најдобар експерт од Меѓународната организација за труд  потврди дека Анкетата на работна сила на Државниот завод за статистика е согласно меѓународните стандарди. Но за Фросина Ременски тоа  е неважно.Важно е исполнување на партиските агенди.
Бисер 2.
“Имаме и голема дилема во делот на бројките, особено ако се има предвид дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за 2014 година, избројал 536.191 вработен, додека Државниот завод за статистика избројал 696.000 вработени! Значи, станува збор за бројка од 160.000 (не)вработени што се јавува како разлика, со бројот на Заводот за статистика, кој го утврдил врз основа на анкета, а не врз основа на реални показатели. Додека пак, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, оваа бројка ја има регистрирано врз основа на плаќање на придонеси на работодавачите. Останува нејасно, каде се губи таа бројка од 160.000 вработени во период од една година?! Односно, дали за тие 160.000 лица разлика, се плаќаат придонеси во Фондот или не се плаќаат? Освен тоа, слушаме многу реклами како „Македонија вработува”, во кои голем удел има програмата на УНДП, и финансиската помош од странски организации за вработување на младата популација. Или, онаа бројка со која се излегува од Агенцијата за вработување, за тоа колку фирми ја искористиле таа поволност и колку лица се вработени.
 Вистината е дека техничката министерка не можела полоша споредба да направи споредба на број на вработени меѓу Државен завод за статисика и Фондот за пензиско-инвалидско осигурување. Разликата е поради постоење на хонорарци, земјоделците со паушал и други лица кои работат без договори и земаат плата во готово како на пример во угостителството, градежништвото итн.
Токму нејзината партија беше жесток противник на Законските измени кои предвидуваа плаќање придонеси за хонорарните работници и со кои ќе се поведеше елиминирање на сивата економија, односно ќе се овозможеше хонорарците да добијат социјална сигурност и пензија и еднаков третман со вработените на неодредено време.
Владата со проектот Македонија вработува им дозволи без трошоци да ја формализираат својата работа.
Бисер 3
”Тоа го отвора и прашањето за „дупката“ во Фондот за пензиско и Фондот за здравствено осигурување, што од година Не в година се зголемува и се доведуваме во состојба – 50% од средствата за исплата на пензии да бидат дотација од Буџет на Република Македонија! Станува збор за огромна сума, поголема од 360 милиони
евра, кои се префрлаат за да може да се сервисираат потребите за исплата на пензии”
Вистината дека техничката министерка е тотална конфузија кога станува збор за пензискиот систем. Не станува збор за  “дупка” туку трансфери до ПИОМ заради дeфицит од исплата на поповолни права, помалa наплата на придонес но и поради транзиционите трошоци по основ на придонесот за втор столб. Секогаш имало дефицит во ПИОМ и тој се надополнува од буџетот што е законски дефинирана обврска со Законот за ПИО од 1993 година. Истото се однесува и за транзиционите трошоци и тие се префрлаат од буџет со законски основ содржан во закон од 2000 година. Не постои државен пензиски фонд во Европа и светот кој што не е зависен од државата, впрочем состојбата со пензискиот фонд за разлика од минатото е многу подобра. Пензиите се зголемуваат и расте соодносот број на вработени со број на пензионери.Голем број на држави ги зголемија границите со пензионирање и го  стопираа зголемувањето  на пензиите, некои и ги намалија а во Македонија континуирано се зголемуваат.
Инаку постои редовна исплата на пензии на почеток од месецот почнувајки од 2008 година.
Бисер 4
“ Ги повикуваме сите корисници на социјална помош, да пријавуваат секаква закана или нелагодна позиција, во која ќе се најдат поради службено лице, за некоја друга услуга, а не за тоа што е потребно за остварување на правата”
Вистината е дека Ременски ја постави претседателката на партиската Комисија за труд и социјална политика како невработено лице во министерството да има увид во податоците на корисниците. На бурните реакции на корисниците за социјална помош, техничката министерка одговори така што ја постави за свој посебен советник во кабинетот.
Бисер 5
 “Утврдивме дека повеќе од 26.000 граѓани како членови на семејства, останале без социјална парична помош во однос на претходните укажувања”.
Според наши сознанија, обработените предмети ги доставува надлежниот сектор во министерството до министерот за труд и социјална политика и потоа министерот ги потпишува. 
Зошто Фросина Ременски не поднесува дисциплинска постапка против службениците кои доцнат со решавањето на предметите? До сега бројката на нерешени предмети изнесува над 230 во мандатот на техничката министерка.
 Бисер 6
Ременски манипулира: “дека на голем број приматели на социјална парична помош им е ускратено правото за 2014, во делот на примената на новите измени и дополнувања на Правилникот со кои се утврдуваат приходите. Во тој контекст, забележавме ретроактивна примена на правилникот што е спротивно на членот 52, став 4, во Уставот на Република Македонија, каде е забранета ретроактивна примена на законите, освен ако се поповолни за граѓаните”
Вистината е дека уште во 2009 година во Законот за социјална заштита е пропишано дека на секое лице кое дало нецелосни или невистини податоци за семејната, материјалната состојба и состојбата со имотот и имотните права му престанува правото на користење на социјална парична помош. Оваа обврска за корисниците на социјална парична помош не е нова и се содржи во член 50 и член 53 во истиот закон, а со носењето на новиот Правилник само се допрецизира постапката за материјалната состојба на корисниците. Во своето последно интервју дадено за Цивил-центар за слобода кое е насловено како “придонес кон политичкиот дијалог” Ременски и понуди

Пронајдете не на следниве мрежи: