Ноам Чомски (роден на 7. декември, 1928 г.) е значајна фигура во аналитичката философија, кој поголемиот дел од својата кариера ја поминал во Институтот за технологија на Масачусетс (MIT), кадешто во моментот работи како почесен професор и е автор на над 100 книги. Чомски рано развил интерес за анархизмот благодарение на роднини од Њујорк. Подоцна студирал лингвистика на Универзитетот на Пенсилванија, кадешто дипломирал, магистрирал и докторирал, а од 1951 до 1955 бил именуван за член на Научните соработници на Харвард.Чомски во текот на својата кариера бил високо влијателна академска фигура бил цитиран на полето на уметноста и општествените науки почесто од било кој друг научник во периодот од 1980 до 1992 година. Познат е како политички активист и водечки критичар на американската надворешна политика, неолибералниот капитализам и мејнстрим медиумите.
Прочитајте ги овие начини на еден од најголемите мислители на нашето време, со кои се врши контрола над луѓето.
1. Одвлекување на вниманието. „Постојано се одвлекува вниманието од главите на луѓето од реалните социјални проблеми, префрлувајќи ги кон теми кои немаат реално значење. Таков резултат, според кој граѓаните се секогаш зафатени со нешто и немаат време да размислуваат, се постигнува со методот од поле – во трло, сличен како и кај сите други животни (цитат од книгата „Тивко оружје за тивки војни“).
2. Се создаваат проблеми, а потоа се нудат начини за нивно решавање. Овој метод е наречен „проблем-реакција-решение.“ Се создава проблем, еден вид „ситуација“, пресметана така што ќе предизвика реакција кај луѓето, па тие самите ќе побараат прифаќање на мерки кои им се потребни на владеачките кругови. На пример, прием на ескалација на насилство во урбаните средини или крвави терористички акти, со цел граѓаните да бараат усвојување на закони насочени кон зајакнување на безбедносните мерки и политики кои се однесуваат на граѓанските слободи. Или да се предизвика економска криза, за да се прифати како неопходно зло прекршокот на социјалните права и намалување на социјалните услуги.
3. Метод на прогресивна примена. За да се постигне донесување на непопуларни мерки, е доволно тие да се воведуваат постепено, ден по ден, година по година. Имено, на тој начин беа наметнати принципиелно нови социо-економски услови (неолиберализам) во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Минимизирање на функциите на Владата, приватизација, несигурност, масовна невработеност, плати кои веќе не обезбедуваат достоинствен живот. Ако тоа се случи во исто време, најверојатно ќе доведе до револуција.
4. Одложување на извршувањето. Друг начин да се протурка едно непопуларно решение е да се претстави како „болно и потребно“ и да се добие во еден момент согласност на граѓаните за негова примена во иднина. Многу полесно е луѓето да се согласат на жртви во иднината, отколку во моментот. Прво, затоа што тоа не се случува веднаш. Второ, затоа што повеќето луѓе секогаш имаат тенденција да имаат наивна надеж дека „утре работите ќе се подобрат“ и дека овие жртви, кои се побарани од нив, можат да бидат избегнати. Така се обезбедува на граѓаните повеќе време да се навикнат на идејата за промена и понизно да ја прифатат кога ќе дојде време.
5. Однос кон луѓето како кон мали деца. Во поголемиот дел пропагандните настапи наменети за пошироката јавност, користат такви аргументи, симболи, зборови и интонација, небаре станува збор за деца на училишна возраст со пречки во развојот или со психичка инвалидност. Колку упорно некој се обидува да го измами слушателот, толку повеќе тој се обидува да користи инфантилни вербални форми. Зошто? Ако некој се однесува со човек како да тој е на 12 или помалку години, според сугестијата, во одговор како реакција на човекот исто така ќе недостасува критична проценка, што е типично за деца на возраст од 12 години или помалку.
6. Напад на емоциите на човекот во поголема мера, отколку на неговото размислување. Влијанието врз емоциите е класичен метод, кој има за цел да се осигура дека ќе се блокира способноста на луѓето да прават рационална анализа, а на крајот дури и на нивната способност за критичко доживување на настаните. Од друга страна, употребата на емоционалниот фактор може да ја отвори вратата кон потсвеста, за да се вкоренуваат таму мисли, желби, стравови, грижи, принуди или отпорни модели на однесување …
7. Да се држат луѓето во незнаење, за да се одржи просечност. Со тоа се гарантира луѓето да не се во можност да ги разберат техниките и методите кои се користат за да бидат контролирани против својата волја. Квалитетот на образованието, обезбедување на пониските класи на општеството, треба да е толку тајно и медиокритетно, за да може незнаењето што ги одвојува повеќе пониските класи на општеството од повисоките, да остане на такво ниво што пониските класи да не можат да го надминат.
8. Промовирање за граѓаните да се восхитуваат на просечноста. Да се промовира во луѓето идејата дека е модерно да си глупав, вулгарен и груб…
9. Зајакнување на вината. Да се принуди поединецот да верува во тоа дека тој самиот е виновен за сопствената несреќа поради недостаток на ментални способности, вештини или напор. Како резултат, наместо на бунт против економскиот систем, човекот почнува самостојно да се занимава со самоуништување, да се обвинува себе за сѐ, што го води неизбежно до тотална и една бескрајна депресија, а сето тоа води кон апатија и неактивност.
10. Да се знае за луѓето повеќе, отколку да се знае за себе. Во последните 50 години, напредокот во науката доведе до формирање на постојано проширување на јазот помеѓу знаењето на обичните луѓе и информациите што ги поседува и користи владејачката класа. Благодарение на биологијата, неврологијата и апликативната психологија, „системот“ има на располагање врвни знаења за човекот, во областа на физиологијата и психологијата. Системот е во можност да учат за обичниот човек повеќе отколку што тој знае за себе. Тоа значи дека во повеќето случаи системот има поголема власт и во многу поголем степен контролира и управува со луѓето, отколку што тие можат сами да се контролираат.Чомски во текот на својата кариера бил високо влијателна академска фигура бил цитиран на полето на уметноста и општествените науки почесто од било



