НОЕВА АРКА: Русија ќе ја изгради првата ДНК банка за сите живи суштества!

Московскиот државен универзитет го доби можеби најголемото научно одобрение досега, со тоа што има дозвола да собере ДНК примероци од сите живи и истребени суштества од планетата Земја за да ја создадае првата светска банка од овој вид, пренесе Russia Today.-Проектот го нареков „Ноева арка“. Тој подразбира создавање база на податоци во која ќе бидат зачувани гените на живиот свет на нашата планета, вклучувајќи ги и видовите во изумирање и достапниот материјал за изумрените видови – изјави ректорот Виктор Садивничи.
Одобрениот буџет изнесува една милијарда рубљи, односно околу 194 милиони долари. „Генетската арка“ би требало да биде завршена до 2018 година, а ќе биде изградена во универзитетскиот кампус во Москва, чија површина изнесува 430 квадратни километри.
-Арката ќе ни овозможи да замрзнеме и чуваме најразлични материјали, кои подоцна ќе можеме да ги репродуцираме – додал Садивничи.
Во рамки на првата фаза на проектот ќе се собираат материјали од сите природонаучни музеи во земјата, а сите катедри од Ломоносов ќе бидат вклучени во неговата реализација.
Но, Русите не се првите на кои им текна ваква идеја. Имено, Британците го имаат својот проект „Замрзната арка“, каде се чува генетскиот материјал од сите загрозени видови животни, а тука е и „Милениумско семе“ (еквивалент на проектот за животните), каде се чуваат семињата на сите постоечки видови растенија на планетата.-Проектот го нареков „Ноева арка“. Тој подразбира создавање база на податоци во која ќе бидат зачувани гените на живиот свет на нашата

Пронајдете не на следниве мрежи: