Зошто никој не се капе во Неретва на 2 август? Старата легенда вели дека ноќта помеѓу 1 и 2 август кога е Свети Илија, реката Неретва има чуден звук со кој ги довикува своите жртви. Од длабоките вирови тогаш наводно допираат рикови од чудесни подводни суштества кои се собираат и избираат жртва.Жителите на Мостар кои живеат покрај бреговите на реката знаат дека на 2 август, посебно во време на попладневните молитви, никој не смее да се капе во реката и да се освежува со нејзината вода.
Приказната за чудниот странец потекнува уште од многу одамна, кога Мостар бил мало гратче на бреговите на Неретва. Еден таков 2 август во градот дошоло младо момче, со жолта коса и веѓи. Никој не знаел од каде доаѓа, ниту како се вика, а ниту тој самиот зборувал за тоа.
Одел по Мостар, влегувал од дуќан во дуќан, разговарал со луѓето. Ги пленел со префинетоста, добрината и образованието.
Жителите на Мостар не забележале кога, уморен и прегреан од неподносливата августовска врелина, не знаејќи за легендата, се спуштил до реката, внимателно ја положил облеката на камен и скокнал во благотворната свежина и во синилото на реката.
Повеќе не се појавил. Со денови вештите пливачи се обидувале да го најдат во реката, го барале неговото тело во вировите, по пештерите, но попусто. Странецот исчезнал како што и дошол.
Единствена трага од неговиот престој во Мостар била облеката внимателно положена на камен. Никој не ја поместил. И така, на народот му додеало да прераскажува, секое чудо за три дена, па сите го заборавиле настанот. И тогаш, од ненадеж, еден есенски ден момчето се појавило во градот. Луѓето преплашени му се тргале од патот.
Тој само талкал бесцелно и ништо не зборувал. Најхрабрите му пришле и го прашале што се случило, но тој не им одговорил.
Не е познато што се случило, но едно е сигурно. Никој не се капе во водата од тој ден.Жителите на Мостар кои живеат покрај бреговите на реката знаат дека на 2 август, посебно во време на попладневните молитви, никој не смее да се кап