Нордик леб со овесни снегулки е најновиот производ на Жито Лукс

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на лебот наречен Нордик. Последниот новитет од компанијата се придружи на семејството Грахам и Баварски, пченични лебови на парчиња со додадено интегрално брашно, и најважно од сé,со долготрајна свежина, а без употреба на конзерванси.Новиот леб Нордик е приготвен од пченично и интегрално пченично брашно, со додадени овесни снегулки кои освен што претставуваат одличен извор на диететски влакна и минерали, дополнително го збогатуваат вкусот. Со комбинацијата од овие состојки и меката структура овој леб ќе ги привлече и најпребирливите вкусови. Лебот Нордик е достапен на парчиња во едноставно и практично пакување, што овозможува продолжена свежина до седум дена. Рокот на траење од седум дена е постигнат и со помош на иновативната технологија на пастеризација на леб, што само Жито Лукс ја практикува.
Со лансирањето на новиот, несекојдневен вкус на леб, компанијата уште повеќе ја зголемува понудата на производи, ги задоволува барањата за нови вкусови на консументите и ги следи новите светските трендови во делот на иновативноста.Новиот леб Нордик е приготвен од пченично и интегрално пченично брашно, со додадени овесни снегулки кои освен што претставуваат одличен извор

Пронајдете не на следниве мрежи: