Норвешкиот затвор запленил 220 писма од масовниот убиец Бреивик

Норвешките медиуми објавјавија денес дека овластени лица од норвешкиот затвор заплениле  повеќе од 200 писма на масовниот  убиец Андрс Бреивик  за да го спречат да создаде  мрежа надвор од затворот.Бреивик уби 77 лица во бомбашки напад во главниот град на  Норвешка, Осло и  при пукање на остров во јули 2011.
Тој рекол дека  ги извршил нападите за да   спречи „муслиманска  инвазија“  во Норвешка.
„Одбивме да испратиме неколку писма од Бреивик поради  безбедносни причини. Се работи за околу 220 писма“, изјавил Илинг Феасте, потпарол на затворската администрација.
„Ја контролираме  неговата комуникација,  за да не може да дојде во можност да создаде мрежа која би  можела да изврши  други злосторства.
35- годишниот Бреивик  го изврши најужасниот масакар  во  поновата историја на Норвешка на 22 јули 2011 година.
Откако поставил бомба во  центарот на Осло која уби 8 лица, тој се упатил  кон младинскиот камп на островот Утоја, каде убил 69 лица  од кои повеќето тинејџери.
Во август 2012 гоидина беше осуден на 21 година затвор, но неговата казна може да биде  продолжена доколку тој претсавува  опасност за општеството.
Бреивик сега тврди дека се  „ориентирал“  кон демократијата, велејќи дека сака да основа нова политичка партија за да ги промовира своите идеи, без да мора да прибегне кон насилство.
Вели дека бил инспириран од  изборниот успех на нео-нацистичката  партија Златна Зора во Грција.
Самиот Бреивик контактирал со  норвешкиот весник Верденс Ганг за да се пожали за  ограничувањата  поставени на неговата пошта.
Фаесте одбил да ја опише содржината на писмата.Бреивик уби 77 лица во бомбашки напад во главниот град на  Норвешка, Осло и  при пукање на остров во јули 2011.
Тој рекол дека&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: