Убиениот бил оженет за Македонка, со која живеел во населбата Железничка станица во Прешево. Припадниците на Жандермеријата засега неидентификуваниот државјанин на Норвешка го дотерале до куќата во која живеел и тука го убиле во обострано разменување на оган.
Државјанин на Норвешка, по потекло Албанец, чиј идентитет не е соопштен, а за кого се сомневаат дека е припадник на движењето на вахабиите, ликвидиран е утрово нешто пред 8 часот во Прешево, недалеку од железничката станица.
Според блиски извори, убиениот бил оженет за Македонка, со која живеел во населбата Железничка станица во Прешево. Тој утрово по судирот со полицијата дошол во посед на полициска пушка, а потоа тргнал во пресметка со припадниците на полицијата и Жандармеријата, чија база се наоѓа непосредно до станицата.
Во пукањето, припадниците на Жандермеријата го донеле до куќата во која живеел и тука го убиле во обострана размена на оган.
Според неофицијалните сознанија, припадникот на Жандермеријата е тешко повреден во пределот на главата, а мотивите за напад не се познати.
Во прешевската населба Железничка станица утрово е нападнат и повреден припадник на Жандармеријата, кој во тој момент се наоѓал на стражарското место. Припадниците на Жандермеријата засега неидентификуваниот државјанин на Норвешка го дотерале до куќата во која живеел и тука го убиле во обострано р