Носите ли чиста облека за во теретана?

Само една четвртина од мажите и една петина од жените на секој тренинг носат чиста облека, иако 44% од оние кои вежбаат тврдат дека мирисот на потта во фитнес салата ги демотивира.
Повеќето фитнес фанатици кои се редовни на тренинзите, не се редовни во одржувањето на хихиената на својата спортска опрема како што се блузите, тренерките, торбите, чорапите или пак чевлите.
Според резултатите од истражувањето на една британска компанија, жените се понеуредни и само 20% од нив носат чиста опрема за вежбање на секој тренинг, додека момчињата се нешто подобри за 25%.


Најчести изговори се дека честото перење е скапо, дека другата облека сеуште не им се исушила, а има и онакви кои тврдат дека воопшто не им е важно дали им е чиста облеката.
Токму поради тоа е изненадувачки што дури 44% од испитаниците пожалиле дека им смета непријатниот мирис на другите кои вежбаат во текот на нивниот престој во теретаната и дека воедно тоа ги демотивира за вежбање.
Па, според стручните лица теговите и седиштата на велосипедите се покажале како вистински рај за пренесување на бактерии, па така и вашите „колеги“ од теретана одејќи разнесуваат насекаде габични инфекции.
Луѓето повеќе размислуваат за ефикасноста од тренингот, отколку за хигиената и чувствителноста на другите кои ја користат фитнес салата за вежбање.
Што да кажеме друго, освен – „Внимавајте!“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.