Нов асфалт доби и горниот дел од улицата „Маршал Тито“ во Берово

Проектот за реконструкција на горниот дел од улицата “Маршал Тито“ во Берово, влегува во завршна фаза.По завршувањето на подготвителните активности и изградбата на тротоарските површини, започна асфалтирањето на улицата која се реконструира во должина од 550 метри од ЈПКР “Услуга“ Берово до раскрсницата со ул.“Моша Пијаде“ која беше во доста лоша состојба со ударни дупки, попречни, подолжни и мрежасти пукнатини.
Проектот за реконструкција на улицата опфаќаше и поставување на нови рабници, тротоарска површина од едната страна во ширина од 1 метар додека асфалтирањето е во променлива ширина од 4 до 6 метри во зависност со теренот.
Проектот се реализира со средства обезбедени од Светска банка преку кои е изградена и дел од ул.“Даме Груев“ во Русиново, додека во тек се и правни постапки за избор на изведувач преку што ќе се изгради покриен градски пазар во Берово.По завршувањето на подготвителните активности и изградбата на тротоарските површини, започна асфалтирањето на улицата која се реконструира во должи

Пронајдете не на следниве мрежи: