Двете најголеми населби во Штип, Сењак и Баби, ќе се поврзатсо нов асфалт. Започна реконструкцијата на главната улица која ги спојува овие две населби , улицата Анте Банина:- Се прави реконструкција на оваа улица во должина од околу 1100 метри, што значи дека вкупно ќе се асфалтираат 7200 метри квадратни а вредноста на улицата е 4 милиона денари – кажа Тоше Ѓорѓиевски, Општина Штип.
До крајот на годината, Штип ќе асфалира уште 20-тина улици за кои тече тендерската постапка за избор на најповолен понудувач:
– За седум улици се завршени тендерските постапки, една од нив е улицата Борис Кидриќ во центарот на градот -рече Ѓорѓиевски.
Паралелно се работи и во селата:- Ќе се работи во селата Шашаварлија, а веќе е при крајтендерска постапка за поврзување на селото Кошево соселото Шашаварлија – додаде Ѓорѓиевски.Претходно се асфалтираа улиците во повеќе штипски населби
и во селата Драгоево, Селце и Долани. Вкупно, во изминатите три години, се асфалтирани над 100 улици во Штип и Штипско.- Се прави реконструкција на оваа улица во должина од околу 1100 метри, што значи дека вкупно ќе се асфалтираат 7200 метри квадратни а вредноста на