Нов Дневен центар за деца со посебни потреби во Македонска Каменица

Заврши изградбата на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Македонска Каменица, обезбедена е потребната опрема и се чека да се создаде законска можност за вработување на потребниот кадар за да профункционира оваа установа. За изградбата на Центарот од општинскиот буџет се издвоени 11 милиони денари, а Министерството за труд и социјална политика обезбеди два милиона денари за опремата. Новиот објект денеска го посетија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министрите за труд и социјална политика и за транспорт и врски Ибрахим Ибраими и Владо Мисајловски.– Општината немаше ваков центар и децата најчесто ги носеа во соседната општина во Делчево, што е сепак малтретирање за родителите бидејќи поминуваат повеќе километри пат во текот на еден ден, изјави Груевски.
Покрај опремувањето на центарот и целосното финансирање ќе го обезбеди Министерството за труд и социјална политика.
Како што потенцираше Ибраими по активностите за отворање и реновирање на дневните центри за деца со посебни потреби сега приоритет ќе биде отворање центар за деца со лица со даунов синдром во Скопје, за што е најдена локација.
– За разлика од изминатиот период кога имаше пет шест додатоци за лица со посебни потреби сега имаме нови девет, како што се за мобилност, слепило… Покрај тоа што ја зголемуваме висината на надоместоците воведуваме нови додатоци со цел да им го олесниме, рече министерот Ибраими.
Според Груевски, во Македонска Каменица има голем напредок со многу проекти реализирани и од општината, но и од државата.
– Овде исто така е добро што неодамна Владата даде нова концесија за рудникот Саса со којшто го продолжи неговиот животен век за најмалку уште десет години со можност за дополнителни продолжувања бидејќи и понатаму се прават истражувања за нови наоѓалишта на руда. Најголемиот капацитет во оваа општина има голема и добра перспектива, изјави Груевски.
Значаен за оваа општина, според градоначалникот Дарко Митевски е и регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица – Делчево, за коишто од август минатата година се во тек активности за целосна реконструкција. Досега се завршени една третина од градежните работи за обнова на патот во должина од 30 километри. Предвидена е обнова на делницата од Кочани (Превалец) до брана Калиманци со должина од 14,5 километри и од Македонска Каменица до Делчево со должина од 15,5 километри.
Министерот Мисајловски и градоначалникот Митевски информираа дека во тек е обнова на два од трите предвидени мостови бидејќи со сегашната состојба претставуваат тесно грло за овој пат. Со реконструкцијата ќе се добие коловоз широк 6,4 метри.
– Оваа инвестиција е од околу 6 милиони евра. Очекувањата се да биде комплетно завршена до крајот на следната година, соопшти Груевски.
Тој во Македонска Каменица ги посети и обновениот Дом на култура  и новоизградената Куќа на спортот. Во обновата и надградбата на Домот на култура се вложени 42 милиони денари, обезбедени од Светска банка преку Министерството за финансии. Во Куќата на спортот општината инвестираше 18 милиони денари, а рудникот Саса донираше 30 илјади евра за опрема.– Општината немаше ваков центар и децата најчесто ги носеа во соседната општина во Делчево, што е сепак малтретирање за родителите бидејќи по

Пронајдете не на следниве мрежи: