Нов паркинг во Автокоманда
Во н. Автокоманда на улицата „Христо Ботев“ помеѓу зградите, во тек е изградба на паркинг простор за 50 автомобили, на простор од околу 1000 m2.
Градоначалникот Тони Трајковски беше на увид во градежните работи на паркингот за кој општина Гази Баба издвои средства во висина од 1.200.000,00 денари. Покрај паркингот се прави канал за одведување на атмосферската вода и се поставија 3 столба, од кои два се високи 8 метри со по два рефлектори од 400 W и еден столб од 4 метри со светилки од 70 W.
Работите ги изведува фирмата АД Бетон Скопје.
Во н. Автокоманда на улицата „Христо Ботев“ помеѓу зградите, во тек е изградба на паркинг простор за 5