Општина Центар денеска почна да сади дрвја и да го зазеленува новиот плоштад кој се прави на крајот на улицата „Наум Наумовски – Борче“. Плоштадот е на површина од 400 м2, поплочен со павер елементи и природен гранит.На улицата „Наум Наумовски – Борче“, каде што имаше ударни дупки и уништен асфалт, кои го оневозможуваа нормалното одвивање на сообраќајот, ќе биде поставен нов асфалт, ќе се нивелираат шахтите и ќе се уредат оштетените ивичници.
Реконструкцијата е на потегот од „Партизански Одреди“ до улица „Ленинова“, известуваат од општината.
Местото се разубавува со две големи жардинери со зеленило, а од наредната недела ќе се поставува нова урбана опрема, клупи и осветлување.
Во првата фаза од реконструкцијата беше реконструиран водоводот, во должина од 100 метри и за прв пат, на оваа улица се постави атмосферска канализација.На улицата „Наум Наумовски – Борче“, каде што имаше ударни дупки и уништен асфалт, кои го оневозможуваа нормалното одвивање на со