Во општина Илинден, во тек е изградба на Пречистителна станица со капацитет од 1.250 еквиваленти на жител и на систем за зафаќање и третман на отпадни води во населеното место Марино, припадна површина 1, во должина од 4.000 метри.Проектот за изградба на фекална канализција и пречистителни станици има за цел изградба на систем за прифаќање, третман и за одведување на отпадните фекални води од домаќинствата и од стопанските објекти во општина Илинден. Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект, со кој ќе бидат опфатени 330 домаќинства, изнесува 25 милиони денари.
Системот за прифаќање и третман на отпадните фекални води на територијата на општина Илинден почна да се гради во 2008 година. Досега се изградени 3 сегменти од фекалната канализација, во Марино, Кадино и во Илинден, кои опфаќаат 1.000 домаќинства, односно 4.000 жители, а вкупната инвестиција за овие сегменти изнесува 100 милиони денари.
Системот се состои од повеќе сегменти што работат независно еден од друг, што претставува предност, бидејќи сегментите можат да се градат во зависност од расположливите финансиски средства.
– Со оглед на тоа што станува збор за скапа инвестиција, за чие остварување е потребен подолг временски период, во нејзината реализација приоритет имаат населените места со повисоко ниво на подземните води, велат од општина Илинден.
Имплементацијата на овој значаен проект, додаваат, е еден од приоритетите во стратешките цели на општина Илинден и претставува капитална инвестиција.
– Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од витално значење за локалниот економски развој, подобрувањето на инвестициската клима и квалитетот на живеење во Општината. Со изградбата на фекалната канализација со пречистителни станици се придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и заштеда во домашниот буџет за средствата кои што граѓаните ги плаќаа за чистење на септичките јами, како и заштита на животната средина, нагласуваат од Општината.
Пречистителните станици се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.Проектот за изградба на фекална канализција и пречистителни станици има за цел изградба на систем за прифаќање, третман и за одведување на отпаднит