НОВ СКАНДАЛ ВО МАЛЕЗИЈА ЕРЛАЈНС: Стјуард силувал исплашена патничка?!

Член на посадата на еден авион на компанијата „Малезија Ерлајнс“, бил задржан во Франција поради тврдење дека сексуално злоставувал австралиска патничка која се плашела да лета со авиокомпанијата која се наоѓа во огромни финансиски проблеми поради двете авионски трагедии.На летот МН20, кој на 4 август летал од Куала Лумпур, наводно дошло до непримерно сексуално однесување од страна на стјуардот кон една патничка.
Имено, таа на членовите на посадата им признала дека чувствува голем страв поради фактот што лета токму со Малезија Ерлајнс. Веднаш потоа, главниот стјуард седнал покрај неа и сексуално ја искористил под изговор дека сакал да ја утеши.
Претставниците на „Малезија Ерлајнс“ дале ветување до француската полиција дека ќе помогнат во истрагата, истакнувајќи дека сигурноста и удобноста на патниците секогаш им се наоѓаат на прво место.На летот МН20, кој на 4 август летал од Куала Лумпур, наводно дошло до непримерно сексуално однесување од страна на стјуардот кон една патничка.

Пронајдете не на следниве мрежи: