Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од четврток (15.09.2016 год.) ќе почне со изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“, во насока од Дексион кон Центар, и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Цeнтар, од запад кон исток, ќе бидат пренасочени од улица „Ѓорче Петров“, по улица „ Кузман Шапкарев“, улица„ Борис Сарафов“ (4 ти Јули), булевар„ Македонска војска“, и продолжуваат по својата траса.
За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“ .
Во обратна насока, од Центар кон Дексион, или во правец исток-запад автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.Возилата од Јавниот градски превоз кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Ц