Нов времен сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од четврток (15.09.2016 год.) ќе почне со изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“, во насока од Дексион кон Центар, и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.Возилата од Јавниот градски превоз  кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Цeнтар,  од запад кон исток, ќе бидат пренасочени од улица „Ѓорче Петров“, по улица „ Кузман Шапкарев“, улица„ Борис Сарафов“ (4 ти Јули), булевар„ Македонска војска“, и продолжуваат по својата траса.
За време на траење на овој режим ќе се користат времено поставените автобуски стојалишта на улица „Борис Сарафов“ .
Во обратна насока, од Центар кон Дексион, или во правец исток-запад автобусите ќе ја користат постојната траса по улица „Ѓорче Петров“.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.Возилата од Јавниот градски превоз  кои ги опслужуваат линиите 2, 2А, 5, 5А, 12, 11, 32, 56, 56А и 60 кои се движат од Дексион кон Ц

Пронајдете не на следниве мрежи: