СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од с.Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете .Пријавениот во средата, 27 јули, околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница во с.Мелница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.
После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома. Од срам не кажало никому.
Наредниот ден неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило.
Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје .
Пријавеното лице е приведено вчера наутро во 06.30 часот.Пријавениот во средата, 27 јули, околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница во с.Мелн