НОВА ДРАМА: Брод без посада плови по море!

Припадниците на италијанските воздушни сили, сѐ уште ги спасуваат емигрантите од бродот без посада кој трговците со луѓе најверојатно доброволно го напуштиле.Од воздухопловна база на југот на Италија бил испратен хеликоптер за да го пресретне бродот „Езадин“, кој со околу 450 луѓе плови под знаме на Сиера Леоне, а во акцијата за спасување на емигрантите се вклучиле и крајбрежната стража и медицински екипи.
Еден од емигрантите на бродот, испратил порака во која повикува на помош. „Немаме екипаж, се движиме кон италијанскиот брег и никој не управува со бродот!“
Како што објавиле италијанските медиуми, на бродот оддалечен 60 километри од југоисточниот брег, се наоѓаат 450 луѓе.
Новата драма на морето се случува само два дена откако италијански морнари го пресретнале бродот „Блу скај ем“ (Blue Sky M) со знаме на Молдавија со најмалку 700 емигранти, главно од Сирија, кој управуван од автопилот се движел кој карпите на југоисточна Италија.
Бродот претходно бил напуштен од трговци со луѓе, кои го управувале од Турција, низ грчки води. Голема несреќа била избегната бидејќи шест припадници на италијанската морнарица со хеликоптер се спуштиле на бродот и ја презеле контролата.Од воздухопловна база на југот на Италија бил испратен хеликоптер за да го пресретне бродот „Езадин“, кој со околу 450 луѓе плови под з

Пронајдете не на следниве мрежи: