Дваесеттина деца ќе бидат згрижени во новата градинка во н.м Канатларци, која денеска беше пуштена во употреба во присуство на заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.Спасов истакна дека еден од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
-Една од формите на којашто активно работевме во изминатиов период за опфат на деца од предучилишна возраст е отворањето нови групи во други просторни услови, се со цел достапност на услугата и за децата во руралните средини. Мрежата на јавни детски градинки во наредниот период ќе биде проширена ширум земјата бидејќи наша заложба е сите деца да имаат можност за згрижување и воспитание, независно од местото на живеење, а ние како Министерство ќе направиме сè за тоа да им го овозможиме, посочи Спасов.
Градоначалникот Ристески информираше дека општината вложила триста илјади денари за адаптација на просторот и за инвентарот.
-Новата градинка во населеното место Канатларци, го реши децинискиот проблем со згрижување на децата од претшколска возраст. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги прошируваме капацитетите, посочи градоначалникот Ристески.
Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески, денеска го посетија и просторот кој ќе биде наменет за граѓаните од третото доба, првиот дневен центар кој треба да се отвори во Прилеп во населбата Варош.Спасов истакна дека еден од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижува