Нова инвестиција: Целосно обновување на возниот парк на Македонски железници

Јавното претпријатие – Македонски железници транспорт ќе добие целосно обновување на возниот парк. Според планот ќе бидат набавени вкупно 5 нови возови, 3 дизел и 2 електро моторни возови. Инвестицијата е вредна 22,5 милиони евра. Во инвестицискиот план се и дополнителни 7 милиони евра за набавка на три електрични локомотиви, кои ќе придонесат за поефикасен траспорт.Инаку, обновата на возниот парк на државната фирма започна со потпишувањето на договорот помеѓу македонската влада и кинеската коорпорација ЦСП во 2014 година  за набавка на најсовремени гарнитури за патнички возови. Тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека проектот е вреден околу 50 милиони евра.
Од нив 25 милиони за набавка на патнички вагони, 15 милиони за товарни и 10 милиони за рехабилитација на старите гарнитури на возови. Со  овој договор се набавија четири дизел-моторни гарнитури и две електро-моторни гарнитури во рамки на Проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт“. Новите патнички гарнитури  имаат капацитет од околу 1.200 патници, целосно се климатизирани, опремени со вакуум-тоалети, енергетски ефикасни и  ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите на превоз на лица со ограничена мобилност
Според надлежните со овој потек железничкиот сообраќај во земјава свртува нова страница, а граѓаните на земјава ќе добијат поквалитетен и поефикасен превоз со модерни возови.Ваква инвестиција во железничкиот сообраќај немало близу 40 години истакнаа на потпишувањето тогашните  ресорни министри.Инаку, обновата на возниот парк на државната фирма започна со потпишувањето на договорот помеѓу македонската влада и кинеската коорпорација ЦСП во

Пронајдете не на следниве мрежи: