Нова инвестиција од 15 милиони евра што ќе донесе и 500 вработувања

Во просториите на Владата, денеска беше потпишан договорот за инвестиција на американската компанија од автомобилската индустрија Делфај, која ќе инвестира во Бунарџик.Премиерот Никола Груевски имаше средба со претставниците на компанијата, по што беше потпишан договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо од македонска, а Луси Тоскани, глобален директор за оперативни активности, од страна на Делфај.
-Денеска имаме официјално потпишување на договорот за инвестирање на американската компанија Делфај. Оваа компанија во Македонија ќе се реализира во неколку фази. На почетокот компанијата ќе инвестира над 15 милиони евра во нова опрема за производство на електронски компоненти за најпознатите глобални бендови за европскиот пазар и ќе креира до 500 работни места, изјави по потпишувањето на договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
Виктор Мизо истакна дека сето ова ќе биде надградено во зависност од пазарните услови во иднина.
-Во овој производствен погон ќе се произведуваат најнови технологии и тоа ќе биде комплетен модул кој потоа директно ќе се вградува во компаниите низ Европа. Компанијата е водечки глобален доставувач на технологија за автомобилската индустрија, таа има 146 илјади вработени низ целиот свет со 126 производствени погони и е оперативна во над 33 земји, истакна Мизо.
Делфај е меѓу првите 15 најголеми глобални добавувачи од автомобилската индустрија со годишен обрт од над 17 милијарди евра, а планот е во Македонија за неколку години извозот да достигне над 150 милиони евра на годишно ниво.
-Со компанијата стапивме во контакт уште во 2010 година а овој специфичен проект за електроника , дојде случајно врз основа на моја средба со еден од нивните глобални директори на аеродромот во Детроит во јануари 2013 година, рече Мизо и се заблагодари на Тоскани за довербата која ја имаат во македонската Влада.
Мизо истакна дека Делфај ја избра Македонија пред се поради квалитетната работна сила, логистиката, инфраструктурата, како и самата бизнис клима.Премиерот Никола Груевски имаше средба со претставниците на компанијата, по што беше потпишан договорот, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо од македонс

Пронајдете не на следниве мрежи: