Камен-темелник за изградба на нов погон за преработка на зеленчук и овојшје е поставен денеска во индустриската зона кај населеното место Славеј, во општина Кривогаштани. Станува збор за нова инвестиција од 1,5 милиони евра.Инвеститор е домашната компанија „ДООЕЛ Стефан“. Рубинчо Благадуша од компанијата истакна дека фабриката ќе се простира на површина од 3.000 м2, а се планира градбата да заврши во текот на летото 2017 година.
– Започнуваме со градба на халата во која ќе бидат сместени дел од коморите и дел од производствениот процес. За почеток ќе се вработат 50 луѓе, а е планирано таа бројка да достигне до 100 лица. Суровиината за погонот ќе ја откупуваме од индивидуалните земјоделци. Оваа инвестиција е многу важна за нашата општина Кривогаштани, особено за производителите на зеленчук, бидејќи производот навремено ќе им биде откупен и цените ќе бидат повисоки, истакна Благадуша.
Посочи дека најголемиот дел од производоството е договорен да оди за европскиот, а помал дел за американскиот пазар.
Инаку, на поставувањето на камен-темелникот за новиот погон за преработка на овошје и зеленчук, беше најавено дека за 15-тина дена со работа ќе почне погонот за преработка на зеленчук и овошје на фирмата „Бакалески промет“.
Според управителот на „Бакалески промет“, Бранко Петрески, инвестицијата е околу еден милион евра и за почеток ќе работи 30 лица. Оваа фабрика исто така се наоѓа во населеното место Славеј.
– Ќе откупуваме пиперки, корнишони, феферони, зелки, а од следната година планираме да започнеме откуп на овошје, пред се сливи и праски. Нашите производи ќе се пласираат на американскиот пазар. Оваа година, како прва година од нашето работење, ќе откупиме околу 500 тони зеленчук, а в година планираме тој откуп значително да се зголеми, рече Петрески.
Според градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски, индустриската зона кај селото Славеј се пополнува со крупни инвестиции.
– Покрај овие две инвестиции, пред неколку месеци, компанијата „Везе Шари“ зеде под концесија 550 хектари земјиште кое го засади со пченка, а планира да отвори и фарма за добиток, кланица за бикови и сушара. Инвестиција се планира да достигне 3 милиони евра за 4 години, истакна Заткоски.
Појасни дека во последната година во Кривогаштани се реализирани три инвестиции од земјоделскиот сектор од околу 5 милиони евра и на почеток ќе се вработат 100 луѓе. Според Заткоски, на територијата на општината има четири фирми за преработка на зеленчук и овошје чие производство е за извоз.
– Капацитетите на овие четири фабрики значат многу за економијата на општина Кривогаштани и на поширокиот регион, бидејќи ќе се вработува локалното население. Бенефит ќе имаат и самите производители на земјоделски производи, бидејќи цената на производот ќе биде повисока бидејќи станува збор за фабрики кои директно ќе ги откупуваат производите од производителите, додаде Заткоски.
Потенцира дека поради зголемениот интерес на инвеститорите, општина Кривогаштани, веќе донела решение за проширување на постојната индустриска зона кај Славеј. Заткоски дека ќе се формиираат и две нови зони, едната во близина на сегашната индустриска зона кај Славеј, а другата кај населеното место Боротино.Инвеститор е домашната компанија „ДООЕЛ Стефан“. Рубинчо Благадуша од компанијата истакна дека фабриката ќе се простира на површина од