Нова измама: Ако кликнете на линк „Погледнете кој ви го гледа Фејсбук профилот“, можете да останете без него!

Интернет измамите се се почести, а една од најстарите е повторно актуелна на социјалните мрежи. Во прашање е линк кој наводно ве води до сајт или апликација, каде што ќе видите кој кликал на вашиот профил.Оваа измама е стара колку и социјалната мрежа, а компанијата неколку пати го демантираше постоењето на вакви опции, нагласувајќи дека никогаш не би дозволиле ваков вид на нарушување на приватноста.
„Фејсбук не нуди начин било кој негов корисник да види кој му го гледа профилот, ниту пак дозволуваме поединци или апликации да имаат пристап до таквите информации“, изјави тогаш портпаролот на Фејсбук Сајмон Акстен.
За оние кои ќе се излажат и ќе кликнат на тој линк, имаме лоши вести. Не само што нема да видите кој ви го гледа профилот, туку и вашиот профил ќе го гледа личност со скриени намери, која може и да ви го украде.
Советот на Фејсбук е никогаш да не ја пишувате лозинката доколку не сте сигурни дека се наоѓате на вистинското мени на социјалната мрежа и да не одите на надворешни линкови што ќе ве одведат од социјалната мрежа на сомнителни сајтови.
Ако наседнавте на оваа измама или тоа го сторил некој кој го познавате, сменете ја шифрата колку што можете побрзо и внимавајте на најмал знак на сомнителна активност на сајтот.
Оваа измама е стара колку и социјалната мрежа, а компанијата неколку пати го демантираше постоењето на вакви опции, нагласувајќи дека никогаш не би

Пронајдете не на следниве мрежи: